Најголемото дерби во Шпанија меѓу Барселона и Реал Мадрид, познато како Ел Класико, ќе се одигра на 25 октомври, а интересот, како и секогаш, е голем.
Влезниците во слободна продажба за мечот меѓу Реал и Барселона, кој е закажан за 25 октомври на „Сантијаго Бернабеу“, се распродадени за 20 минути.
Најевтините влезници чинеле 56 евра, додека најскапите 272 евра.
Капацитетот на „Сантијаго Бернабеу“ е 84.000 гледачи, додека дури 65.000 навивачи се годишни претплатници, што значи остатокот од влезници бил пуштен во слободна продажба, а еден дел заминал кај спонзорите.
Кај препродавачите цената на влезниците се движи од 350 до 700 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.