| четврток, 6 декември 2018 |

Секој ден се тетовира, а ќерка му се плаши од него

tetoviran

Маркус Бојкин, уметник за тетоважи и мајстор за дупчење на делови од телото, се тетовира секој ден, своето тело го претвори во сликарско платно, а неговата петгодишна ќерка се плаши од него.

Ексцентричниот Бојкин е свесен за својот бизарен изглед. Сите тетоважи и обетки сам си ги направил.

– Кога нема да го почувстувам убодот од иглата, како да ја губам смислата на животот. Моето тело никогаш нема да биде завршено – изјави Бојкин.

Тој е свесен дека луѓето го избегнуваат бидејќи се плашат од неговиот изглед. Бојкин додава дека и неговата поранешна жена не се согласувала со неговиот начин на живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top