Лошата храна, маглата и аерозагадувањето доведуваат до зголемување на бројот на вирусни инфекции и појава на алергии. Иако статистиките покажуваат дека во ноември се зголемува бројот на пациенти во Институот за белодробни заболувања кај децата „Козле“, оваа година тој тренд почна порано, уште во октомври.
– Маглата е голем проблем за децата кои имаат респиратнорни заболувања, но уште поголем проблем е неконтролираното градење згради во Скопје во последните децении. Поради тоа нема проветрување и маглата останува заробена со месеци во градот. Со тоа се оштетува нежниот епитал на децата и вирусите полесно напаѓаат. Маглата, лошата храна аерозагадувањето сето тоа доведува до зголемување на бројот на вирусни инфекции и појава на алергии. И кај нас е зголемен бројот на пациенти и тоа многу порано, уште во октомври – вели д-р Оливер Зафировски, директор на Институтот во Скопје.
Д-р Зафировски апелира да се користи јавниот транспорт за да се намали густиот сообраќај во Скопје.
– Луѓе во Скопје постојано сами се возат во автомобили. Тоа дополнително го загадува воздухот во главниот град – додава д-р Зафировски.
Неговата препорака е слободното време да се користи за рекреација на места со повисока надморска височина.
– Лани долго време бевме под магла. Но, над 600 метри надморска височина, на Водно имавме чисто сино небо и многу сонце. Затоа тоа им го препорачувам на граѓаните, да излезат надвор, но надвор од маглата, на повисоко – вели д-р Зафировски.
Во скопскиот хотел „Александар Палас“ во тек е Третиот конгрес на македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија на кој тема е „Алергиски болести – време е да делуваме“.
– На конгресот дискутиравме и за децата, климатските промени и нивниот удел врз здравјето на детето. Се поголем број деца пројавуваат одредени симптоми во правец на алергиски манифестации, горнореспиратнорни инфекции кои често се вирусни, но поради пад на имунитетот доведуваат до бактериски инфекции. Ние на клиниката ги гледаме секојдневно. Последните неколку дена бројот на ваквите заболувања е зголемен и веројатно тоа се должи на новите климатски промени. На конгресот утврдивме дека и со возрасните се случува истиот проблем – вели д-р Аспазија Софијанова, директорка на Детската клиника во Скопје.
Алекргиите може да се развијат и од храна, односно да бидат нутритивни и од воздухот, односно инхалаторни.
– Детскиот организам е недоволно компетентен, особено оној на најмалите, кои се особено погодени од ваквите услови. Кога е ваков периодот, децата често да не се изнесуваат надовр и да се вниамва особено кога се внесува храната. Таа да биде природна. Воздухот е тој. Постојат озонери, прочистувачи на воздухот кои барем во домашни услови го прочистуваат воздухот – објаснува д-р Софијанова.
Иста е ситуацијата и со возрасните во делот на аерозагадувањето.
– Зголемен е бројот на пациенти и кај возрасните. Тоа се должи на зголеменото аерозагадување. Имаме поголем број пациенти со астматски напади и пациенети со хронична опструктивна болест. Честичките ПМ 10 и кај здравите, не само кај болните лица предизвикуваат лесна восплаителна реакција на дишното стебло. Тоа значи дека кај нив може да се јават симптоми, а кај болните од респираторни болести, нивната состојба многукратно се влошува што е причина за нивна хоспитализција – смета професор д-р Дејан Докиќ.
Неговата препорака за ова време е болните од астма и хронично болните редовно да ја земаат терапријата.
– Ако немаат потреба во период од денот кога има магла, да не излегуваат надовор. Здравите лица мора да ги извршуваат секојдневните активности. Препорака е да земаат повеќе антиоксиданси, витамин Ц, придорни антиоксиданси со цел да го намалат штетниот ефект од аерозагадувањето врз дишните патишта – вели д-р Докиќ.
Ситуациајта во Србија е практично иста.
– Проблемот со екологијата станува вистински проблем во земјите кои се сиромашни.Тоа се однесува на целиот Балкан и Југоисточна Европа која е посиромашна од другите земји во Европа.
– Сега дојдовме до одредена граница кога некои работи навистина мора да се променат. Аерозагадувањето им пречи на здравите лица. Некои лица, кои се сметаат за здрави, носат генетска предисоизиција да развијат астма или некои други болести на белите дробови, поради некои навики. Во прашање е генетиката. Можеби астма нема да добие, или ќе ја добие подоцна или ќе има општа клиничка слика. Таа борба е потребна. Во тек е изработка на една студија – изјави д-р Мирјана Богиќ, директорка на Клиниката за алерогологија и имунологија во Клиничкиот центар во Србија и професор на Медицинскиот факултат во Белград.
На конгресот има 400 учесници од различни специјалности од Македонија, Албанија, Турција, Србија, Хрватска, Бугарија, Словенија, Романија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Конгресот, кој е поддржан од EAACI (Европската академија за алергологија и клиничка имунологија) и на кој учествува потпретседателката на EAACI, Јоана Агаче, исто така послужи за градење нови и зацврстување на веќе постоечките форми на научна и стручна соработка меѓу македонските алерголози и алерголозите од регионот и од Европа.
Во Македонија, според епидемиолошката студија на Институтот за Медицина на трудот изведена во 2003 година, 23.1 процент од популацијата боледува од алергиски ринитис и околу 5,3 проценти од астма. Инаку, во претходната епидемиолошка студија од 1996 преваленцата на алергискиот ринитис изнесуваше 11.5 проценти.
Се смета дека ваквиот пораст на алергиските заболувања се должи на загадувањето на воздухот со озон, ПМ10 честички, издувните гасови од дизел горивата. За пораст на алергиите на хранителни продукти и уртикаријата постојат голем број тригер фактори како што се бои кои се употребуваат во прехранбената индустрија, емулгатори, конзерванси, хормони и антибиотици кои се употребуваат во сточарството и генетски модифицирана храна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филипче се грижи за граѓаните, ама не знае како да стигнат до клиника!
-
Нов скандал во здравството: Отпадна најквалификуваната сестра, прва на листа, а се вработи последната
-
Панчо лут по приемот на Инфективна: Ако немаш врски на лекар, Господ нека ти е на помош!
-
Лекарите се налутија: Не го прифаќаат зголемувањето од 5 отсто