| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска и Трајановски делеа промотивен материјал за проектот „Скопје-град без насилство“

И оваа година во соработка со ЈСП, Град Скопје и поддршка на Одделот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во Македонија продолжува спроведувањето на проектот „Скопје – град без насилство“ и целта е овој проект во учебната година 2014/2015 година да се спроведе во шест скопски средни училишта, каде што ќе се одржат едукативни работилници и ќе бидат опфатени повеќе од 3.000 ученици од прва и втора година во средните училишта.

Gordana jankulovcka i koce bezbednost avtobus (2) (Custom)

 

Ова денеска го истакна министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која заедно со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Митко Чавков, учествуваше на дистрибуцијата на промотивните материјали во автобусите, автобуските постојки, билетарниците и други јавни места, изработени со поддршка на Одделот за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во Македонија.

– Нашата цел е да ја подигнеме свеста за совесно однесување на младите луѓе, пред сѐ на средношколската младина, затоа што сите сме сведоци дека во минатото имавме чести ситуации на употреба на насилство и конфликти меѓу младите и во училишните простории и дворови, меѓутоа и на автобуските постојки и во автобусите на ЈСП, односно имотот на ЈСП и Град Скопје и на сите граѓани беше цел на оние кои вандалски се однесуваа – изјави Јанкулоска.

Gordana jankulovcka i koce bezbednost avtobus (3) (Custom)

 

Таа додаде дека главната цел на овој проект е да се намалат инцидентите на јавниот простор, а податоците за состојбата во областа на јавниот ред и мир на тероторијата на градот Скопје се позитивни за овие девет месеци од годината откако е почнат овој проект, односно постои намалување на вкупниот број прекршоци за 6,41 проценти во однос на минатата година.

Според Јанкулоска, ова значи дека проектот кој се спроведуваше минатата година ја одигра својата улога и токму заради тоа е донесена одлука и оваа година да го спроведуваат овој проект.

Gordana jankulovcka i koce bezbednost avtobus (4) (Custom)

Градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски, истакна дека проектот „Скопје – град без насилство“ е многу значаен проект.

– Можеме да кажеме дека ефектите се веќе видливи, со оглед на тоа што многу е намален бројот на насилствата, пред сѐ на средношколската младина, под надлежност на градот Скопје се 21 училиште, а во секои од тие училишта градот има обезбедено посебна агенција за обезбедување, но главната цел е да се намали насилство и да зголеми безбедноста во училиштата – рече Трајановски.

Gordana jankulovcka i koce bezbednost avtobus (1) (Custom)


 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top