Сведок од случајот „Детонатор“ вчера во Основниот суд во Виница ја преплашил обвинителката, јави телевизијата „Стар“.
Меѓу него и првообвинетиот во случајот „Детонатор“ избил жесток вербален дуел, по што обвинителката побарала тој да биде остранет од судницата, што предизвикало револт кај сведокот, поради што ѝ се обратил на обвинителката со зборовите: „Ти ли ќе ми кажуваш дали да го напуштам судењето или не… Јас и ти ќе се видиме надвор“!
По ова, обвинителката побарала засилена асистенција од полицијата и таа ноќта во Кочани ја поминала со 24-часовно обезбедување кое дежурало околу нејзиниот дом.
Денеска таа за телевизијата „Стар“ изјавила дека за настанот ги информирала сите надлежни органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.