| четврток, 6 декември 2018 |

Момчето што го победи ракот, сега е бодибилдер (видео)

Кога на 15-годишна возраст му е дијагностициран Ходгкинов синдром, Зак Зејлер од Мичиген решил да не се крие од јавноста туку ја почнал борбата против болеста, така што почнал да се занимава со бодибилдинг за да ги насочи некаде емоциите и да го зацврсти телото.

Денеска Зак има 20 години и не само што го победил ракот, туку и напредува во светот на бодибилдингот. Неговата трансформација е вистински извор за инспирација – пренесува „Хафингтонпост“.

Тој со режимот на вежбање почнал за време на лекувањето. Откако му е дијагностицирана болеста тој паднал на 45 килограми, а денеска тежи 80 килограми.

– Почнав да кревам тегови по зрачењата бидејќи знаев дека тоа ќе ми помогне да ја качам тежината, и да не изгледам болно – вели Зак.

– Комплиментите и луѓето што ги забележуваат промените на моето тело ме мотивираат да одам понатаму. Немам намера да застанам. Сакам да ги поттикнам сите луѓе да ги следат своите цели – додаде Зак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top