| четврток, 6 декември 2018 |

Вежбањето ја лекува депресијата

Редовното вежбање значајно го намалува ризикот од депресија, состојба што во светот погодува околу 350 милиони луѓе. Вежбање трипати неделно ги намалува шансите за појава на депресија за 16 проценти, утврдија научниците.

Секое дополнително вежбање во текот на неделата резултира со натамошно намалување на ризикот за шест отсто. Во рамките на јавното здравствено истражување британските научници утврдија дека односот меѓу депресијата и вежбањето упатува на начин на кој истовремено може да се подобри и физичкото и менталното здравје.

– Под претпоставка дека врската е причинско-последична, физичката активност во слободното време има заштитен ефект во однос на депресијата – вели научникот, Снехал Пинто Переира од Унвиерзитетот колеџ Лондон, која го предводеше истражувањето.

Депресијата е една од најчестите форми на менатални болести и Светската здравствена организација ја смета за водечки причинител на инвалидност во светот. Лекувањето на депресија обично вклучува лекови, психотерапија или нивна комбинација. Сепак, на многу од болните пациенти состојбата не им се подобрува и страдаат од рецидиви. Истражувачите следеле 11.135 лица родени во 1958 година до 50-та година од животот, бележејќи ја појавата на симптоми на депресија и зачестеноста на физичката активност.

Со цел да се процени депресијата, испитаниците пополнувале соодветни прашалници што го мереле степенот на психичките нарушувања на возрст од 23,33, 42 и 50 години. Резултатите покажале дека луѓето што имале зачестена физичка активност имале помали симптоми на депресија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top