| четврток, 6 декември 2018 |

Делегација на ЕБОР во посета на Македонија

ebor

Делегација на Бордот на директори  на Европската банка за обнова и за развој од 19 до 22 овој месец ќе престојува во Република Македонија.

За време на престојот ќе имаат средби со владини претставници, претставниците на локалните бизниси, странските инвеститори и граѓанскиот сектор, како и меѓународните финансиски институции и дипломатската зедница.

Делегацијата ќе го посети главниот град Скопје, како и клиентите и партнерите на Банката во Охрид, Прилеп и Кавадарци.

Како што најавуваат од ЕБОР, директорите на Бордот ќе имаат средба со претседателот Ѓорѓе Иванов, со вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, вицепремиерот за економски работи Владимир Пешевски, вицепремиерот за европски интеграции Фатмир Бесими, гувернерот на Народна банка Димитар Богов, министерерот без ресор за задолжен за странски инвестиции Веле Самак, со главниот и извршен директот на Дирекцијата за технолошки и индустриски зони Виктор Мизо и со потпретседателот на СДСМ Радмила Шекеринска.

ЕБОР почна со своите инвестиции во Македонија во 1993 година и до денес има потпишано повеќе од 80 проекти со  кумилативен деловен нето-обем над 1,1 милијарда евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top