САД би требало финансиски да ги поддржат големите инфраструктурни проекти во регионот, му порачале српските функционери на американскиот сенатор Кристофер Марфи, за време на неговата посета на Белград, пишува весникот „Блиц“.
Марфи, кој е претседавач на сенатскиот Поткомиет за европски прашања, изминатите денови во рамки на турнејата низ земјите од Западен Балкан престојуваше и во Белград, а меѓу најинтересните детали од неговата посета се инцијативата на српската страна САД да покренат „нов Маршалов план“ на ниво на регионот, по пример на деталната програма за финансиска помош на САД посветен на обновата на Европа по Втората светска војна, пишува „Блиц“.
Весникот наведува дека и одговорот на американската страна на предлогот на српските претставници бил: „Дајте ни прецизни конкретни проекти, па ќе разговараме што може да се направи“.
Основната идеја е САД, но и Германија и Кина, да го поддржат инфраструктурното поврзување на Србија со регионот, со проекти како што се брзата железница од Будимпешта преку Белград и Скопје до Солун, модерната железница кон Сараево, како и повеќе автопатишта.
„Блиц“ наведува дека српските власти заклучиле дека тешко може да се очекува инјектирање на голема сума пари во Србија за развој на инфрастуктурата, поради што е неопходно да се работи на заеднички проекти со соседните земји.
Весникот посочува на еден детаљ од посетата на американскиот сенатор, неговиот позитивен став за посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Србија.
– Нема причина САД да се противат на доаѓањето на Путин, ниту на добрите односи меѓу Србија и Русија, сè додека Белград е на патот за членство во ЕУ – рече американскиот сенатор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во галеријата на Куќата на Ѓура Јакшиќ во Белград отворена изложба на теракотните икони од Виница
-
За Тереза, Абиби, Сара, Семра, Мануела… – овие работи се потребни во Прифатниот центар Визбегово
-
Трагедија во Белград: Трамвај излета од шини, еден загинат
-
Во Белград гласаат 24 македонски државјани, третина излегле до 12 часот