| четврток, 6 декември 2018 |

Еволуција на храната за космонаути

kosmonaut

Што јадат космонаутите на нивните звездени патувања? Од дехидрирани шпагети до коцки од сланина, а одговорите можеби и ќе ве изненадат.

Вселенската храна треба да се совпадне со бројни барања. Најважно е да е компактно спакувана, затоа што нејзиното носење во вселената е неверојанто скапо: дури и денес, чини до 10,000 долари да се однесе една фунта (450 грама) до Меѓународната вселенска станица. Храната треба да биде нутриционистички богата и да најадува, затоа шот астронаутуте трошат далеку повеќе калории во вселената посебно за време на прошетките. И инженерите на Наса не само што треба самите да се справуваат со оброците, туку и со тоа како извесна храна ќе влијае врз дигестивниот систем на луѓето во вселената.

Технологијата која НАСА ја користи за да ги реши овие проблеми е вистинско ремек дело. Астронаутите во мисијата Меркјури, меѓу кој беше и Џон Глен, мораа воглавно да се потпираат на невкусни полутечности, кои ги сркаа преку цевка. Но опциите за храна се подобрија за време на последните мисии Џемини и Аполо. Големи количини космичка храна и скоро сите космички пијалоци, одлетаа дехидрирани. Млеко, кафе, сок од грејпфрут, па дури и супи, можат да се конзумираат само со додавање на вода. Наса беше опседната со храна во форма на коцки: лебни коцки со вкус на цимет, коцки од јагоди, па дури и коцки од сланина беа дел од балансираниот космички појадок, а коцки од шеќер, чоколади и пуер од кикирики беа достапни за ужинка. Всушност, првиот изеден оброк на месечината беа коцки од сланина.
Вистинки пробив беше инвенцијата наречена пакување за јадење со лажица. Личи на хибрид од пластична торбичка со патент и кеса за инфуција. Тоа беше пластичен пакет полн со сува храна која може да се хидрира со помош на вентил на дното. Топлата вода претвора коцки нејадлива храна во кокошкина чорба, пилешко со ориз, и шпагети со месен сос. Астронаутите би го отвориле патентот на врвот од торбичката и вметнувале лажица во мал отвор: можеле да јадат без страв храната да се разлета наоколу, затоа што влагата во храната предизвикува таа да се лепи за лажицата.

Но каков вкус има сета оваа храна? Постојат изненадувачки малку податоци за кој било одговор на ова прашање. Во текст објавен во Нутришн тудеј есента 1969 година, научник од НАСА известил дека астронаутите „уживаат во храната која им ја пакуваме. Разновидноста беше задоволителна и количински било доволно да ја задоволат нивната глад и да ги одржуваат нивните перформанси“. Ова тешко дека е пофалба за космичката храна, но имајте на ум дека нашите сетила за вкус реагираат сосема различно на храната која се јаде во вселената. Намалената атмосфера, плус сувите кабини ја намалуваат способноста на нашите сетила за храна за околу 30 проценти. Баз Олдрин сепак имал позитивно мислење за еден од предјадењата на една мисија: коктел од шкампи. Тој подоцна објаснил: „Шкампите биле бирани едно по едно и доволно малечки за да се стават во едно пакетче, и беа многу вкусни“.

Во 70-ите и 80-ите, кулинарските опции на станиците и леталата, како што беа Скајлаб и спејс шатлот, вклучуваа над 70 различни примероци храна. Најпознати светски готвачи дури и учествувале во подготовката на вкусни оброци за нашите мажи и жени кои се далеку, далеку од дома. Денес, исто како што штотуку верените двојки ја планираат својата свадба, така астронауите се канат во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон за сесии за проба на храна, и во лабораторијата Спејс фуд системс, каде помагаат со препораки за оброците за нивните претстојни мисии. Еден месец пред лансирање на мисијата, оброците (тешки до 3,8 фунти, вклучувајќи го и пакувањето по астронаут за секој ден) се пакуваат и подготвуваат, а делумно или сосема дехидрираните состојки сеуште се дел од оброците, иако додатоците и зачините (вклучувајќи ја и солта растопена во вода) се веднаш достапни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top