Најдобриот германски кошаркар Дирк Новицки смета дека темпото во НБА-лигата е убиствено и дека 82 натпревари се премногу за играчите.
Кошаркарот на Далас Маверикс има намера да игра во плејоф оваа година со својата екипа, а тоа значи дека вистинските напори за играчите ќе дојдат по 82 натпревари од регуларната сезона.
– Да бидам искрен, мислам дека на никого не му се потребни 82 натпревари во регуларниот дел од сезоната за да се утврди кои осум екипи ќе играат во плејоф. Сигурен сум дека такво нешто би можело да се реши многу побрзо – изјави Новицки.
Тој додаде дека е свесен оти големиот број натпревари во НБА-лигата се играат само за профит.
– Ја сум свесен дека натпреварите се играат заради пари бидејќи сопствениците сакаат да заработат. Секој натпревар помалку, значи помалку пари за сопствениците на клубовит, како и за лидерите на НБА-лигата. Сето тоа мене ми е јасно и знам дека поради тоа нема шанси да се намали бројот на натпревари – додаде Новицки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.