Чешка, Унгарија, Полска и Словачка на вчерашниот самит во Варшава најавија дека ќе формираат заедничка воена сила.
Идејата за засилена воена соработка произлегува од потребата да се заштедат пари, соопшти Вишеградската четворка. Договорот предвидува заедничкиот воен состав до 3.000 војници да биде готов до 2016 година и треба да служи за операции како што се зачувување на мирот и за кризен менаџмент.
Четирите поранешни комунистички земји – познати како Вишеградската група – сега се членки на Европската унија и на НАТО.
На самитот присуствуваа и германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, кои ја поздравија одлуката.
– Ниту една земја не може сè да направи сама. Ангажирањето на Франција во Мали уште еднаш покажа колку е важно да биде придружувана од другите европски земји – изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косовската војска нема да се формира на албанскиот национален празник
-
Косовската влада не отстапува од планост за формирање на војска
-
Бојана ми се жалеше дека свекрвата ја навредува, не се сложуваа – открива мајката на припадничката на војската
-
Како пукала два пати во себе: Семејството не верува дека трудната Бојана се убила пред свадба!


