| четврток, 6 декември 2018 |

Го бранел тренерот на голманите за ставови против ИСИС, изел ќотек од навивачите

Апсурдна ситуација се случи во Турција во фудбалскиот клуб Сариер, а дебелиот крај го извлече тренерот на клубот Туран Озјазанлар. Тој беше истепан од навивачите на Сариер откако се обидел да го одбрани тренерот на голманите Ердал Елгормус. Елгормус на „Фејсбук“ напишал дека ја поддржува акцијата на сојузниците против ИСИС во Кобане, а дел од навивачите на Сариер го начекале на тренинг за да го „превоспитаат“.

sari

Озјазанлар се обидел да спречи напад и на крајот тој изел ќотек, па минал со скршеница на носот. Сариер е клуб што настапува во третата турска лига.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top