| четврток, 6 декември 2018 |

Оклахома до 30 победи, Атланта со само 58 коша

Екипите од западната НБА конференција се далеку напред во однос на тие од истокот

Клиперси и особено Оклахома не запираат, Мајами не може да одржи чекор со најдобрите екипи од западот, а Атланта даде само 58 коша во Чикаго. Тоа се најважните моменти од осумкратната НБА програма во предходната ноќ. Тандерси се првиот тим со 30 победи  (30-8) откако дуото Кевин Дурант, 41 поен, и Расел Вестбрук, 36 коша, го разбија Феникс со 102-90. Клиперси се најблизу според ефектот (29-9), иако дејствуваат различно, тимски, па во убедливите 99-73 кај Мемфис немаа играч со повеќе од 16 поени, но затоа десетмина дадоа по барем пет.

Мајами го доживеа 12 сезонски пораз кај Јута со 104-97 бидејќи Леброн Џејмс, 32 коша, немаше соработник. Со биланс  24-12 првакот едвај се одржува на врвот од истокот, каде пак Атланта е на место кое обезбедува плеј оф, а во поразот од Чикаго се посрамоти и урна неколку рекорди со само 58 дадени коша. Булси логично триумфираа со 97 постигнати.

Во преостанатите утрински дуели:

Вашингтон-Орландо          120-91

Бостон-Шарлот                   100-89

Далас-Минесота                 113-98

Сакраменто-Кливленд      124-118

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top