| четврток, 6 декември 2018 |

Србија и Албанија ќе играат нов меч на неутрален терен

Репрезентациите на Србија и Албанија ќе одиграат нов евроквалификациски меч кој ќе започне од првата минута и ќе се игра на неутрален терен, од блиски извори јавуваа српски „Новости“

novosti

Поради хаосот во Белград кој настана поради знамето „Голема Албанија“ и револтираната домашна публика мечот беше прекинат, а од блиски извори до УЕФА весникот тврди дека ќе се игра нов натпревар и нема да има службен резултат 3-0 затоа што „службена победа би била награда, а не казна“ за eдна од двете репрезентации поради настанатиот неред.

Од УЕФА веќе започнаа дисциплинска постапка против двете репрезентации поради одредени пропусти. Србија се гони поради лоша организација, влегување на фанови на терен и користење на пиротехника, додека Албанија се гони поради одбивање да го продолжи мечот и истакнување на знаме со несоодветна содржина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top