| четврток, 6 декември 2018 |

Путин и во Белград со актовката со која може да активира проектили

aktovka

Српскиот печат пишува за актовката од која никогаш не се одвојува рускиот претседател, Владимир Путин и која ја носи со себе каде и да оди. Путин беше денеска во официјална посета на Белград, а интерес кај српската јавност предизвика оваа актовка која, како што е познато, содржи систем со помош на кој може во секој момент да се лансираат ракети со атомски боеви глави.

Куферот го носи името Чегет и е дел од автоматскиот систем за команда и контрола на руските стратешки нуклеарни сили кои се нарекуваат Казбек, по истоимената планина во Кавказ. Направен е за време на администрацијата на Јуриј Андропов во раните осумдесети, а е ставен во функција во времето на Михаил Горбачов кога ја презел должноста во 1985 година.

Се претпоставува дека актовката е поврзана до комуникацискиот систем кој ги обединува високите владини функционери во моментот кога се носи одлука за употреба на нуклеарно оружје.

Путин го презеде нуклеарниот куфер во свои раце на 31-ви декември 1999 година. Користен е само еднаш на 25-ти јануари 1995 година кога бил ставен во подготовка за напад

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top