| четврток, 6 декември 2018 |

Портпаролката во ЕК им одржа лекција на албанските новинари

maja

Портпаролката во Европската комисија, Маја Коцијанчиќ денеска во Брисел повтори дека ЕУ е разочарана поради прекинот на натпреварот Србија-Албанија и нагласила дека политиката не смее да се води со провокации на стадионот.

– Таа главна порака  беше многу јасна и јас  ја подвлеков нужноста од регионалната соработка и реков дека ние ја поздравуваме  планираната посета на албанскиот премиер Еди Рама на Србија, овие денови – рекла Коцијанчиќ. Таа тоа го кажала откако албанските новинари на редовниот брифинг во ЕК побарале објаснување зошто е соопштено дека „Српските власти покажале професионализам во решавање на ситуацијата“ по прекинот на фудбалската средба меѓу Албанија и Србија.

-Вие сте ја промашиле нашата главна порака, а тоа е дека ние сметаме дека политката не смее да се води со провокации на стадионите- возвратила Коцијанчиќ.

-Јас нависитна ве поттикнувам да се сконцентрирате на тоа што е во врска со главната порака, а тоа е дека ние сме разочарани со она што се случи и дека ние сметаме дека политиката не смее да се води со провокација на стадион-додала портпаролката во ЕК.

Албанските новинари меѓутоа инсистирале дека на албанските навивачи не им било дозволено да присуствуваат на мечот, дека српските навивачи извикувале „Смрт на Албанците“, дека на албанските фудбалери се фрлани предмети пред појавата на дронот со знаме и дека припадниците на српската безбедност ги напаѓале албанските фудбалери. – Подвлекувам и она што е тука суштина, а тоа е значењето на регионалната соработка, важност на смирувањето, што се и пораки во суштината на сите политики на ЕУ- предочила Маја Коцијанчиќ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top