| четврток, 6 декември 2018 |

Путин се заканува со намалување на испораките на гас за Европа

гас

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неговата земја ќе ги намали испораките на гас за европските потрошувачи, доколку Украина незаконски одзема дел од количествата на енрегенсот што транзитираат низ нејзина територија.

– Има големи ризици за транзитот. Ако утврдиме дека нашите украински партнери, како и во текот на 2008 година, почнат незаконски да одземаат наш гас од извозниот гасоводен систем, ние како и во 2008 година постепено ќе ги намалуваме испораките според обемот на украденото – рече  Путин.

Како што јави ТАСС, шефот на руската држава потенцита дека, сепак, се надева оти нема да дојде до тоа.

– Нема да има никаква криза, предизвикана од руски официјални претставници, кои се одговорни за соработката со Европа – изјави тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top