| четврток, 6 декември 2018 |

Германската полиција уапси педијатар осомничен за педофилија

пеодфи

Германската полиција уапси еден педијатар од Аугзбург под сомнеж дека во Минхен, Аугзбург и Хановер сексуално злоставувал момчиња на возраст од четири до седум години.

Според германските медиуми, 39-годишниот лекар сексуално ги злоставувал момчињата или се самозадоволувал пред нив.

Во Германија најпознат случај на педофилија е поранешниот пратеник во Бундестагот, социјалдемократот Себастијан Едати, обвинет дека поседувал фотографии со детска порнографија. Тој изјави дека не е педофил

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top