Бјонсе има нова фризура. Перика или не, таа изгледа среќна, придружена од Џеј Зи, кој најверојатно ја одобрува новата промена кај сопругата. Бијонсе ужива со новата фризура и веднаш побрза да го промени и целокупниот имиџ во малку ретростил.
Во последно време пејачката експериментира со различни стилови, фризури и визии кои не се многу одобрени од нејзините фанови. Според нив, Бјонсе треба да се врати кон елегантните, секси фустани и нежните бои за светски настани и кон полежерната облека за секојдневниот живот.
Изгледот на мајката на Блу Ајви за време на посетата на нејзиното семејство во Лондон е сè, само не едноставен. Бјонсе се појави во црно-бела комбинација, црно миди-здолниште со бели точки, блуза со интересен дезен, шпиц чевли, црна кожена јакна и сето тоа дополнето со темен кармин и со очила за сонце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.