Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Палатата на Србија и на почетокот од разговорот му посака добре дојде на руски јазик.
Вучиќ му рекол на Путин дека Србија никогаш нема да го заборави учеството на Русија и нејзината пожртвуваност за ослободување на Белград и изразил големо задоволство од присуството на рускиот претседател на големиот празник.
Српскиот премиер истакнал дека Путин ќе го чекаат 100.000 луѓе, кои заедно со него ќе ја гледаат воената парада во чест на 70-годишнината од ослободувањето на Белград од фашизмот.
Двајцата претседатели разговарале на повеќе економски теми и пријателски односи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.