Просечен Србин станува татко на 33 години, додека жените прво дете раѓаат на 27,5 години, пресметале српските статистичари. Приближно третина од браковите во Србија се без деца, објавува „Новости“. Старосната граница во која се склучуваат бракови е само една од причините. Според податоците, жените во Србија со животната мисија – раѓањето завршуваат за малку повеќе од една година, што значи, на неполни 29 години се завршува со раѓање. Затоа, според последниот попис во земјата, стои дека споредено со минатата деценија, наместо четиричлена, просечното семејство во Србија е тричлено. Експертите како причини ги наведуваат лошата социјална политика во државата, долгиот период на образование, борбата за вработување, но и бегање од обврските. Една друга анализа покажува дека дури 260 илјади мажи до 50 години се неженети, а околу 100 илјади жени до шестата деценија останале немажени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


