| четврток, 6 декември 2018 |

В сабота се отвора Археолошкиот музеј на Македонија

arheoloski-muzej

В сабота, на 18 октомври (19 часот) ќе се отвори официјално Археолошкиот музеј на Македонија. Во изложбен простор на три ката и на површина од 6.000 квадратни метри пред јавноста ќе бидат претставени повеќе од 6.000 артефакти од сите историски периоди, од праисторијата до средниот век. Ентериерот во сите оддели е осмислен на најдобар можен начин, и концепциски и виртуелно, според сите светски стандарди и со најсовремени музејски технологии. 

Почнувајќи од приземјето, движејќи се кон горните катови, посетителот ќе има можност да се движи од период во период, почнувајќи од праисторијата, преку антиката, па сè до средниот век.

Поставени се 15 восочни фигури на личности што оставиле белег во македонската историја и минато, како што се Филип Втори, Александар Трети, Персеј, Јустинијан, цар Самуил, крал Марко.
Фигурите на Филип, на Александар ќе бидат сместени во античкиот период, другите во средниот век. Како едни од најатрактивните предмети ќе бидат копијата на саркофагот на Александар Македонски и оригиналната мермерна скулптура Венера Пудика (Срамежлива Венера) од 2 век од н. е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top