Повеќето од нас најверојатно никогаш нема да имаат можност да ја помирисаат чантата на француската куќа „Хермес“, затоа што цената на чантите се движи од 125 илјади евра, па нагоре, а можеби и подобро затоа што купувачите се жалат дека чантите имаат мирис на канабис.
Купувачите на овие чанти се жалат на мирисот последниве две години, а сè почесто и му ги враќаат на производителот. Од „Хермес“ тврдат дека проблемот е во кожата од која се прави чантата и дека на купувачите што се жалат бесплатно ќе им ја заменат.
Чантите на „Хермес“ се престиж меѓу познатите, а исто така оваа француска куќа изработува чанти што се украсени со злато и со дијаманти, а достигнуваат цена и до 160 илјади евра.
Најверојатно во таа цена влегува и мирисот на канабис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



