| четврток, 6 декември 2018 |

Лајонел Ричи татко на Клои Кардашијан?

Неодамна се појави вест дека, наводно, Роберт Кардашијан не е вистинскиот татко на Клои Кардашијан, туку дека тоа е О.Џ. Симпсон. Денеска во оваа приказна се приклучи уште една позната ѕвезда, Лајонел Ричи.

Наводно нејзината мајка, Крис Џенер, во 80-тите години имала афера со Лајонел Ричи, а „Ин тач“ пишуваат дека тој може да е вистинскиот татко на Клои.

hitportal-rici

– Имаа афера, а тој се фалеше со тоа. Тогаш секој спиеше со секого, а Крис беше една од најпопуларните – вели извор близок до пејачот.

Мама Џенер во својата биографија призна дека го изневерувала својот сопруг Роберт, но досега не го спомена Ричи. Интересно е тоа што Лајонел Ричи, покрај посвоената ќерка, Никол, има и 16-годишната ќерка Софи, која многу наликува на Клои. Старлетата е родена во 1984 година, па приказната некако се совпаѓа со гласините.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top