На 21 јуни вториот престолонаследник на Британија, принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, наполни 32 години. Тој се ожени со обична девојка без благородничко потекло и нѐ натера да веруваме дека понекогаш бајките стануваат реалност. Но, и пред Кејт Мидлтон, принцот имал сериозни врски.
Дознајте кои се поранешните девојки на Вилијам
Роуз Фаркуар
На 18-годишна возраст младиот принц Вилијам, штотуку дипломиран на престижниот колеџ „Итон“, на една традиционална забава за британските благородници – лов на лисици, ја запознава младата актерка и пејачка Роуз Фаркуар. Организатор на манифестацијата долги години бил таткото на Роуз, Иан Фаркуар. Младите брзо откриваат дека имаат многу заеднички интереси и така Роуз станува првата сериозна девојка на принцот.
Но, нивната врска траела помалку од половина година. По неуспехот на кастинг за реалното шоу на Ендрју Лојд Вебер, Фаркуар решила да се бори за својата кариера. Се преселила да живее во САД и почнала да учи во познатата школа за глума на Ли Страсберг. Вљубените се збогуваат, но убавицата останала во срцето на Вилијам барем уште една година.
Оливија Хант
Во септември 2001 година, 19-годишниот принц пристигнал во Сент Салвадор – студентски град на шкотскиот универзитет во Сент Ендрјус. Вилијам се адаптира брзо на новата локација. Жителите на гратчето (вкупно 16 илјади луѓе) биле изгорени од љубопитност, но наскоро го оставиле младиот принц на мира. Вилијам инсистирал никој да не пројавува посебен интерес кон него и луѓето го исполниле неговото барање. Хостелите биле поделени на машки и на женски, но тоа не го спречило Вилијам да се запознае со привлечната русокоса Оливија Хант, ќерка на еден од најдобрите лондонски лекари. Се покажало дека двајцата имаат многу заеднички пријатели – таткото на нејзината пријателка Мери Даглас-Хоум бил близок соработник на кралицата Елизабета Втора.
Токму Оливија го запознала принцот со неговиот иден најдобар пријател, Вилијам ван Катсoм (со кого таа почнала врска откако се разделила со принцот). Впрочем занесен од страста кон Оливија Хант, Вилијам го пропуштил натпреварот за убавина меѓу бруцошките, на кој победничка станала неговата идна сопруга Кејт Мидлтон. Сепак, треба да се напомене дека неколку месеци подоцна принцот успеал да исплакне очи на хуманитарна модна ревија, каде што Кејт ја заслепува публиката со црн транспарентен фустан. Она што го видел на подиумот толку го импресионирало Вилијам што тој загубил интерес кон неговата девојка Оливија, која седела до него. Таа, се разбира, се навредила и ставила крај на нивната врска.
Џесика Крег
Џесика (или Џеко, како што ја нарекуваат во британскиот печат) е ќерка на сопственик на природен резерват во Кенија. Вилијам се запознал со неа како мал, за време на едно од неговите први патувања во Африка со својот татко Чарлс. Се зборува дека девојката уште тогаш покажала интерес кон Вилијам, но тие се зближуваат дури во 2003 година кога Џесика, исто така, се запишала да учи во Сент Ендрјус, а принцот се сетил дека ја познава.
Интересно е дека во тоа време Вилијам веќе размислувал дали да почне врска со новата познаничка, убавата и одлична Кејт Мидлтон. Џеки, сепак, успеала да го маѓепса и летото 2003 година тие на шега направиле свршувачка во вилата на Крег во Кенија. Но, по неколку месеци Џесика сама ставила крај на нивната врска. Таа не можела да се навикне на начинот на живот на принцот и не го поднесува постојаното внимание на папараците. Според пријателите на Вилијам, тој тешко ја прифатил оваа разделба. Подоцна вљубените двапати се обидувале да ја продолжат врската, но на крајот се разделиле конечно по иницијатива на принцот. Негови пријатели велат дека тој сфатил колку се различни двајцата со Џеко и одлучил дека е подобро да останат пријатели. Кога ја почнал врската со Кејт Мидлтон, принцот ги запознал двете девојки. Кејт ја прифатила Џесика во кругот на своите пријателите – со искрена доверба или можеби со скриена желба да ја држи под око соперничка.
Очекувајте продолжение…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расплаканите Англичани очајуваа поради поразот од Хрватите: Еве што им порача принцот Вилијам!
-
Првата жена ја изневеруваше без срам, а со сегашната троши ненормални суми пари: Принцот Чарлс ја разбесни јавноста!
-
Принцот Вилијам: Александар е добро име за новиот принц
-
Наследниците на Принс поднесоа тужба: Тие можеа да ја спречат неговата смрт