Најмалку 19 британски компании переле пари кои доаѓаат од Русија, пишува лондонски „Индипендент“.
Станува збор за огромна криминална шема која успеала да извади на виделина околу 20 милијарди долари добиени од криминалните босови и корумпирани чиновници од целиот свет. Скандалот сведочи дека недостатокот на строги правила врз управувањето на корпорациите го претворило Обединетото Кралство во привлечна дестинација за раководители и високи членови на организирани криминални групи и корумпирани чиновници од целиот свет. Соработници на весникот, заедно со нивните колеги од меѓународна организација на новинари истражувачи, откриле десетици компании, кои дејствувале од британскиот град Бирмингем. Според изданието, шемата дејствувала во текот на 4 години и била разбиена во еден од главните центри – Молдавија.
– Овие пари доаѓале од Русија, а компании регистрирани на островот играле важна улога во пренесувањето на средствата – вели началникот на Канцеларијата за борба против перењето пари во Кишињев, Василиј Шарко.
Тој веќе побарал помош од британските колеги. Според инспекторите, слични шеми за перење пари со учество на компании регистрирани во Велика Британија, се користат од мафијаши и корумпирани чиновници во Јужна Америка, Сирија и во Јапонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


