Илјадници студенти протестираа низ Грција против предложените реформи во високото образование, поднесени во парламентот за целосно преструктурирање на универзитетите. Заедно со студентите протестираа и општинските и други службеници во земјата. Проектот предвидува од следната академска година да има помалку факултети, а бројот на високите школи, исто така да се намали.
Од следната академска година, пак, кандидатите за студенти ќе се судрат со една нова сосема поразлична слика на високо образование, а актуелните, пак, како и нивните професори, ќе треба да мислат каде да се префрлат, бидејќи некои факултети ќе се спојат, а други ќе бидат префрлени на други места. Преструктурирањето на високото образование се одвива според план, наречен Атина од Министерствгото за образование, според името на божицата Атина. Пријавувањето на факултет, исто така, ќе се оди уште потешко, бидејќи на техничките универзитети ќе има помалку места заради кастрења на факултетите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!


