Завршена е јавната дебата за нацрт-амандманите за уставните измени, а Венециската комисија на Советот на Европа ги даде своите препораки.
Министерот за правда Аднан Јашари соопшти дека јавната дебата била исклучително плодна.
Тој истакна дека Министерството за правда посветило особено внимание на мислењето на Венециската комисија, и нагласи дека во нејзините заклучоци се наведува дека „комисијата ги повикува сите политички сили да почнат со конструктивен дијалог и соработка за време на натамошно разгледување на измените.
– Посебно место во нацрт-амандманите посветивме на бракот. Овој институт за нас има посебно значење бидејќи бракот и семејството се наоѓаат на врвот на пирамидата на општествените врености во РМ. Токму затоа, за да ги заштитиме овие вредности дефинирањето на бракот го подигаме како materia constitutionis и го регулираме со Уставот, а основната цел е заштита на традиционалните вредности. Затоа, бракот го дефинираме како животна заедница исклучиво меѓу само една жена и еден маж – изјави министерот Јашари.
Во однос на ова решение Венециската комисија наведува дека „Европскиот суд за човекови права доследно смета дека член 12 од ЕКЧП („Право на брак“), таквите прашања ги остава за регулирање на националното право на земјите-членки и тој не бара државите да ги признаат истополовите бракови, а исто така не забранува признавање на таквите бракови.
– Во однос на вториот став од нацрт-амандманот кој се однесува на бракот, сакам да ве известам дека ги прифаќаме сугестиите на Венециската комисија кои се однесуваат на вонбрачната заедница и животно партнерство. Свесни за сензитивноста на оваа материја нашите решенија содржани во предлог-амандамните ќе се движат во насока правните односи со бракот, семејството и вонбрачната заедница да се уредат со закон што се донесува со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. Со ова во целост се задоволуваат меѓународните стандарди, притоа имајќи ги предвид одлуките на Европскиот суд за човекови права и во целост се прифаќаат забелешките на Венециската комисија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Штетата е 100.000 евра, човечки фактор е причина за избувнување на пожарот во Правда
-
Зградата во Министерството за правда се запалила од неизгасната цигара или решо?
-
Вети дека нема да паркира пред Министерство, но за прекршоци ништо не вети: Полна лента не се важи ако си Министер за правда? (фото)
-
Бремените и хронично болните денеска и утре да не одат на работа



