| четврток, 6 декември 2018 |

Пензионерите повторно на банско-климатска рекреација

penzioneriОд следниот викенд група пензионери ќе заминат на банско-климатска рекреација. Досега за оваа поволност што ја дава Владата аплицирале околу 30 илјади пензионери.

– Процесот на апликација заврши. Ќе се направи селекција по што првата група ќе започне да ги посетува бањите од 17 март. Очекувам и оваа година без проблеми да се реализира овој проект бидејќи има доволно средства за негова реализација, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, одговарајќи на новинарски прашања по денешната средба со Сојузот на здруженија на пензионери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top