| четврток, 6 декември 2018 |

Лагерфилд дизајнирал боксерска вреќа вредна 175.000 долари

Дизајнерот Карл Лагерфилд повторно ги изненади своите фанови со нешто нестандардно. Тој направил дизајн за боксерска вреќа вредна 175.000 долари.

Карл Лагерфилд

Карл Лагерфилд

Креативниот директор на „Шанел“ ја добил  нарачката од „Луј Витон“. Тие сакале да биде изработена луксузна спортска опрема за проектот  Селебрејтинг монограм“ по повод 118 -годишнината на модната марка. „Лагерфилд“ веќе направил скици за боксерски ринг, ракавици и спортски куфер.

Карл Лагерфилд

Карл Лагерфилд

Боксерската опрема ќе биде изработена во ограничена серија од 25 парчиња и ќе биде пуштена  во продажба преку бутикот на интернет на „Витон“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top