Ако се точни изворите на шпанскиот спортски весник „Ас“, Србија и Албанија треба да очекуваат драконски казни од УЕФА.
На 23 октомври Дисциплинската комисија на УЕФА ќе донесе одлука за висината на казните и, како што пишува „Ас“, двете репрезентации би можеле да бидат исфрлени од квалификациите.
„Ас“, исто така, пишува дека првпат во последните шест месеци претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, и претседателот на УЕФА, Мишел Платини, се согласиле околу некое прашање, што, исто така, укажува дека меѓу водечките луѓе во светскиот фудбал владее едногласие, иако во овој случај е надлежна УЕФА. На крајот, весникот цитирајќи извор од УЕФА, заклучува:
„Казната ќе биде пример на сите и многу брзо ќе биде позната!“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Србија слави, Косово не е примено во Интерпол!
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја



