Непознати сторители синоќа ја заплиле пекарата „Два брата“ на Селенча во Сомбор, чиј сопственик е дел од албанското национално малцинство. Пекарницата е запалена околу 1.30 по полноќ
Како што неофицијално се дознава, пекарницата е поделена на два дела. Во едниот е класична пекарница, а во другиот дел на објектот е кафуле. Според неофицијалните информации, поголема штета е предизвикана токму во вториот дел од објектот. Засега не се знае причината за овој инцидент, а се очекува во текот на денот повеќе информации за настанот.
Во градската управа на Сомбор најостро го осудуваат овој инцидент. Оттаму велат дека Сомбор е мулитетничка средина со традиција на толеранција и дека ќе се трудат по секоја цена да го сочувааттоа богатство. Пекарницата „Два брата“ и пред седум години била цел на вандали, кога ѝ биле скршени прозорците, а на граѓаните им бил делен бесплатен леб за да не купуваат од пекарниците чии сопственици се Албанци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.