Милица Ѓукановиќ (21), студентка од Сомбор, успеала за само 5 месеци целосно да го трансформира своето тело. Како што вели, таа отсекогаш била крупна, а честопати пријателите ја опишувале како убава девојка, ама дебела. По одредено време, како што раскажала таа, се помирила со ситуацијата дека секогаш ќе остане дебела.
Потоа во 2014 и започнале проблемите кога на нејзината височина од 175 сантиметри достигнала до цели 117 килограми. Бубрезите и срцето и биле во лоша состојба, па им станала редовен пациент на службата за Брза помош. Тогаш решила од корен да го промени начинот на живот.
– Во тоа време денот ми изгледаше вака: Откако ќе станев од спиење си купував две пици за појадок, па одев на факултет каде продолжував да грицкам чипсови и благи работи. Јадев и пецива и пиев доста газирани сокови. Потоа накај дома знаев да си купам гиро или сендвич. Се на се, постојано имав некоја храна во рацете, раскажала таа.
Кога ја донела конечната одлука да го промени начинот на живот и помогнала нејзината сестра кога живее во Осиек.
– Таа има четири деца, а изгледа одлично. Ме мoтивираше и ми вети дека ако до февруари стигнам до 95 кила, ќе ме земе кај нејзе во Осиек неколку месеци заедно да тренираме. Така и беше, а кога си заминав од Осиек, продолжив сама со исхрана и тренинзи, раскажува Милица.
Како што вели, промената на исхраната не и била особено комплицирана, ги исфрлила нездравите работи и постепено почнала да ги намалува порциите. Заборавила на брзата и масна хрнана, чипсовите и газираните сокови и ја променила дневната рутина.
– Наутро во 7 часот пиев топла вода со лимон, а за половина час појадував, најчесто овесна каша со мед и овошје. Потоа одев во теретана каде на почетокот знаев и да минам 4 часа. По тренингот јадев протеини, најчесто месо варено, па печено во фолија, вели Милица.
Во тоа време, таа не изледувала никаде, па ниту на кафе со своите другарки. Бев целосно посветена на вежбањето, па станував рано, во 7 часот и веќе околу 9 бев во кревет.
Резултатот е очигледен, таа за неколку месеци ослабела цели 65 килограми.
– Сфатив дека сум се променила кога првата работа кога ќе станев наутро не ми беше храната, завршила Милица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.