| четврток, 6 декември 2018 |

Сергеј Трифуновиќ исфрлен од кафеана бидејќи имал секс во тоалет

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ нема по убаво да го памети минатиот викенд, бидејќи во раните утрински часови морал да ја напушти кафаната поради тоа што имал секс во тоалетот.

Сергеј по доаѓањето веднаш го сврти вниманието на себе. Иако кафеаната беше полна до последното место, тој инсистираше келнерот да му обезбеди маса. Веднаш потоа обожавателките почнаа да му приоѓаат барајќи да се фотографираат со него – вели извор во кафеаната.

Тој додава дека Сергеј брзо си нашол девојка.

– Во еден миг актерот се издвои од друштвото за да отиде во тоалет, а по него тргна и една непозната девојка. Тие се заклучија во кабината. Што правеа таму, можете само да претпоставите. Меѓутоа проблемот настана кога вработените во кафеаната ги замолија гостите да го напуштат локалот рано наутро, по крајот на работното време. Обезбедувањето мораше да интервенира бидејќи актерот сѐ уште беше во тоалетот со девојката. Тие заедно со еден пријател на Сергеј отидоа до таму за да ги замолат да излезат. Тоа не му се допадна на актерот, но сепак послуша – вели изворот.

Пријателите што биле со Сергеј таа ноќ во кафеаната се колеги-актери од Норвешка со кои го снимаше филмот „Со цел да се исчезне“ (In order of disapperance).

Сергеј Трифуновиќ не крие дека обожава да води љубов на јавни места.

– Најлудото место на кое водев љубов е Стариот град во Котор, на самиот врв сосе панорамата – своевремено изјави актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top