Американскиот актер Нил Патрик Харис ќе биде водител на церемонијата за доделувањето на филмските награди „Оскар“ во февруари 2015 година, објавија организаторите.
Харис, познат од комичната серија „Како ја запознав мајка ти“ ( How I Met Your Mother ), бил водител на неколку други церемонии, вклучувајќи ги и телевизиските награди Еми. Сега тој е избран за домаќин на 87. доделување на наградите „Оскар“, кои ќе бидат поделени на 22 февруари в година во Лос Анџелес. За годинашната церемонија, Американската филмска академија престижната мисија и ја имаше доверено на популарната комична актерка и водителка на телевизиското шоу Елен Деџенерис.
Церемонијата за врачувањето на Оскарите се пренесува на телевизијата во над 225 држави. Организаторите ќе ги објават номинираните за 87-то издание на 15 јануари 2015 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.