| четврток, 6 декември 2018 |

Гугл во „служба“ на ФБИ

Google (13)Американскиот веб гигант „Гугл“ соопшти дека Федералното истражно биро (ФБИ) од 2009 година, секоја година бара приватни информации за повеќе илјади корисници на популарниот пребарувач. Во извештајот за транспарентноста на работењето „Трансперанси рипорт“, „Гугл“ наведе дека од ФБИ годишно добива и до речиси илјада т.н национално безбедносни барања за доставување на податоци за речиси три илјади лица. Овие барања го обврзуваат „Гугл“ да ги обелодени името, адресата и должината на користењето на услугите на одредени корисници и тиен се користат исклучиво за спроведување на национални безбедносни истраги на американската влада.

Интернет гигантот, меѓутоа нагласува дека американската агенција има овластувања да изнесува такви барања, а за тоа да не ги информира корисниците на пребарувачот, но нема дозвола да ја добие на увид содржината на електронската пошта на корисниците, видео материјали кои ги гледаат на Јутјуб, ниту нивните Ај-Пи адреси. Освен интернет компаниите, националните безбедносни барања на федералната Влада можат да ги добијат и кредитните компании и финансиски институции, а за откривање на приватните податоци не им е потребен судски налог. „Гугл“ минатата година од владите и полициите на различни земји добил вкупно 42.327 барања за обелоденување на личните податоци, а најмногу барања испратила американската Влада, речиси 16.407.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top