Светот досега не успеа да реагира адекватно на кризата што е резултат на епидемијата со ебола, предупреди Советот за безбедност на ОН.
Во соопштение Советот нагласува дека смртоносната болест е закана за меѓународниот мир и безбедност. Тие ги повикуваат сите членки на ОН и хуманитарни организации да ги забрзаат и зголемат доставувањето ресурси и финансиските средства до погодените држави.
Советот за безбедност на ОН го објави соопштението само еден ден откако шефот на мисијата на Светската организација за брза реакција во борбата со ебола, Ентони Банбари, предупреди дека светот треба да исполни критични цели до 1 декември.
– Ако не се успее во тоа, светот ќе биде соочен со една, апсолутно без преседан, ситуација за која немаме план – нагласи тој пред СБ на ОН. Мисијата што ја предводи тој е прва во светот формирана од ОН за одговор на здравствена криза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Конго: За една седмица официјално потврдени 33 случаи на ебола
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
Советот за безбедност при ОН усвои резолуција за 30-дневно примирје во Сирија