Рускиот претседател Владимир Путин пристигнува денеска во Белград за да учествува во прославата посветена на 70-годишнината од ослободувањето на Белград од фашистичката окупација и 100 години од почетокот на
Првата светска војна.
Путин беше поканет од српскиот претседател Томислав Николиќ и ќе биде почесен гостин на воената парада во која ќе учествуваат и руски авиони.
Рускиот претседател ќе положи и венци на Гробот на ослободителите на Белград и на хероите од Првата светска војна. Во рамки на посетата ќе има средби со претседателот Николиќ и со премиерот Александар Вучиќ.
Руска делегација што го придружува претседателот ќе има работен ручек со колеги од Србија, по што ќе бидат потпишани пакет-договори.
Се очекува да бидат разгледани прашања од меѓународната политика и трговско-економската соработка.
За посетатата на Путин на Беглрад се акредитирани 912 новинари.
Во интервју за руски медиуми, Вучиќ вели дека со Путин ќе разговара за конкретни теми, пред сѐ, за економската соработка и натамошното развивање на билатералните односи во областа на енергетиката и земјоделството.
Тој вели дека Владата на Србија има цел натамошен развој на партнерски односи со Руската железница и реализација на нови заеднички проекти, како и привлекување руски инвестиции во областа на земјоделството. Тој нагласи дека Србија нема намера да воведува санкции спрема Русија поради украинската криза. Од Брисел наведоа дека немаат проблем со посетата на Путин на Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.