| четврток, 6 декември 2018 |

Обама: Западот повеќе да се ангажира против еболата

Претседателот на САД, Барак Обама, ги повика лидерите на западните земји повеќе да се ангажираат во борбата против епидемијата на ебола, соопшти Белата куќа.

obama1-1

– Обама на видеоконференција ги повика лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и на Италија да покажат поголема посветеност во глобалната борба во запирањето на епидемијата на смртносниот вирус, од кој досега починаа околу 4.500 лица – рече портпаролот на Белата куќа, Џош Ернест. 

Претходно Советот за безбедност на ОН предупреди дека еболата претставува закана за меѓународниот мир и безбедност и апелираше до сите членки на ОН и хуманитарни организации да забрзаат и значително да ги зголемат ресурсите за борба против еболата, вклучувајќи парични донации.

Ова е првпат ОН да основаат мисија за одговор на некоја здравствена криза во светот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top