| четврток, 6 декември 2018 |

Закани за внуката на Бериша поради коментарот дека албанските играчи ги прекршиле правилата

бериса

Внуката на некогашниот албански премиер Сали Бериша, Дасара Малтези, по коментарот на „Фејсбук“ дека албанските играчи ги прекршиле правилата на фудбалот, добила закани на социјалната мрежа и морала да го повлече својот статус.

Приштинскиот портал „Експрес“ во текстот под наслов „Дасара Малтези ги поддржува српските хулигани“, пишува дека внуката на Бериша кометирајќи го натпреварот меѓу Србија и Албанија, напишала дека играчите треба да ги почитуваат правилата и дека не можат, доколку не се дозволени знамиња, на стадионот да внесуваат детски играчки.

-Непочитувањето на правилата не е ништо друго, освен недостиг на цивилизација – навела внуката на Бериша, ќерка на неговата ќерка.

Таа објаснила дека не може да ги разбере Албанците, бидејќи, како што тврдат, се горди, а всушност ги прекршиле правилата на фудбалот и се тепале.

Според нејзиното мислење, кое го објавила на „Фејсбук“, не може на стадион да се суди дали правилата се праведни или не, туку мораат да се почитуваат.

Внуката на Бериша навела дека албанската репрезентација дошла во Белград да игра и требало да игра, а не да се „боксува“.

Таа на своите сонароднци Албанци им забележала што гореле од желба да им кажат на Србите дека се нецивилизирани  и на натпреварот го докажуваат својот патриотизам, но во практика со своите пцости и тепање покажале сè освен достоинство.

Внуката на Бериша порачала на фудбалскиот албански тим да научи дека светот има правила.

Според приштинските портали, на внуката на Бериша по овој текст на „Фејсбук“ ѝ стигнале закани и критики и таа го избришала статусот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top