Дури 22 проценти од македонските граѓани што лани заминале на годишен одмор тоа го сториле во Грција, што значи дека процентуално, Македонците биле трети најбројни туристи во оваа земја по Кипраните и Србите, покажува анкетата на Евробарометар за туризмот. 47 проценти од Македонците што лани летувале во ЕУ, 44 проценти во некое македонски туристички центар, а 35 проценти во земји надвор од Унијата. Покрај тоа што 22 отсто од нив својот одмор го минале кај јужниот сосед, само еден отсто биле во Хрватска, ниту еден во Велика Британија, три отсто во Шпанија, Франција и Австрија, четири проценти во Италија и осум проценти во Германија.
Во однос на патувањата, лани патувале околу 58 проценти Македонци. Македонците не одат да посетат некој град, тоа го прават само два проценти од нив, туку најмногу 47 проценти заминале на годишен одмор за да уживаат и да се сончаат на плажа.
Дури 30 проценти туристи од нашата земја на лице место го наоѓаат сместувањето, наместо да ангажираат туристички агенции или тоа да го прават преку интернет. Дури 28 проценти од летувалците од нашата земја лани биле на „ол-инклузив“ варијанта, 25 отсто на организирано летување што не е „ол-инклузив“, додека 19 проценти со одделно купени туристички услуги.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!
-
УНХЦР: Расте бројот на мигранти и бегалци кои од Турција доаѓаат во Грција