| четврток, 6 декември 2018 |

Почина екс-младинскиот репрезентативец Александар Којчевски

Огромна болка и неизмерна тага ги потресе кошаркарските кругови вечерва, откако на социјалните мрежи се појави веста за смртта на поранешниот кошаркарски младински репрезентативец на Македонија, Александар Којчевски, кој почина утринава на 22 годишна возраст.

Вработен во Агенција за млади и спорт преку владината програма за вработување на деца без родители. Станува збор за момче кое рано се соочи со трагедијата, откако на 12 години останал без мајка, а на само 17 години останал и без татко. Погребот ќе се одржи во утре на гробиштата Драчево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top