Олси Рама, помалиот брат на албанскиот премиер кој беше уапсен на вчерашниот фудбалски натпревар меѓу Србија и Албанија, пуштен е на слобода како и остатокот на албанската делегација и се врати во Тирана, јавија белградските и албанските медиуми.
Рама утринава стигна во Тирана и демантираше секаква поврзаност со прекинот на натпреварот. Тој по инцидентот бил задржан на стадионот околу 40 минути, а потоа бил пуштен.
-Немам ништо со леталото, не разбирам од каде дојде таа приказна, изјави Рама по доаѓањето во Тирана. Како „шпекулации“ ги наведе информациите објавени во медиумите од Србија дека тој го организирал инцидентот и дека управувал со леталото.
-Не бев ниту уапсен, ниту приведен. Кога се случи инцидентот, ситуацијата стана хаотична, а полицајците сите гио прегледаа. Им го покажав американскиот пасоч и камерата. Тоа траеше неколку минути, рече тој.
Олси Рама е роден во 1969 година, а последниве осум месеци работи во компанијата Pegasus Communications, а пред тоа работел во Delphinus Medical Technologies.
Тој поминал 13 години на Karmanos Cancer Institutu во детроит, кој работи на превенција, откривање и евентуално искоренување на ракот. На ова работно место бил речиси 14 години.
Од јуни 1992. година до април 1997. година Олси Рама бил програмски директор на фондацијата Отворено општество за Албанија кое било финансирано од Фондацијата Сорос.
Во април 1987 година се преселил во САД каде како што се наведува на страницата на институтот во кој бил вработен, бил на удар на тајните служби поради соработката со Џорџ Сорос, поради парични активности во покривањето на „албанските бунтови“, пишува „Б92“.
Олси Рама се занимавал и со спорт и од 1987 до 1996 година бил член на кошаркарската екипа на „Динамо“ од Тирана.
На вчерашниот натпревар заедно со Рама биле приведени и останатите членови на албанската делегација во ВИП ложата. И тие биле пуштени на слобода. Како што тврди извор од Министерството за внатрешни работи на Србија, пуштени се бидејќи „не можело да им се обезбеди адвокат поради штрајк на адвокатите“.
Кај Рама бил пронајден и далечински управувач со кој го наведувал леталото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.