Министерството за внатрешни работи откри еден од учесниците во вчерашниот инцидент кога беа искршени стакла од автобус на ЈСП кај Бит пазар.
Станува збор за 20 годишен жител на Кочани кој инцидентот го предизвикал додека се возел во автобусот. Од полицијата најави дека против него ќе биде поднесена прекршочна пријава, а штета ќе биде наплатена преку граѓанска парница.
Во текот на вчерашниот ден беа оштетени уште два други автобуси на ЈСП, едниот исто така на Бит пазар, а другиот во скопско Сарај.
МВР трага и по овие вандали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


