Советот за безбедност на Обединетите нации го осуди заробувањето на група мировници на ОН од сириските бунтовници.СБ побара заложниците веднаш да бидат ослободени.
Киднаперите, кои се претставија како борци на бригадата Мачениците на Јурмук побара повлекување на сириската армија, во рок од 24 часа, од селото Ал Џамалах.
Обединетите нации соопштија дека 20 мировници се заробени на Гологанската Висорамнина, на границата меѓу Сирија и Израел, каде е испратен тим на ОН, кој треба да ја реши спорната ситуација.
– Набљудувачите на ОН беа во редовна мисија за снабдување и беа запрени кај Набљудувачницата 58, која претрпе штета и е евакуирана од минатиот викенд по тешките борби во непосредна близина на Ал Џамалах, се наведува во соопштението на ОН.
Набљудувачите биле заробени од околу 30 вооружени борци на Гологанската Висрамнина. Сириските активисти наведоа дека заробените мировници се од Филипини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нобеловата награда за мир ќе остане во рацете на Аунг Сан Си Чи, нема да и се одземе и покрај извештајот на ОН
-
ОН повика да се поднесуваат пријави за кршење на човековите права во Македонија
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)