| четврток, 6 декември 2018 |

Хумористична анти геј реклама (видео)

Хумористична анти геј реклама која ја снимила „Коалицијата на личности чии животи се загрозени секогаш кога луѓето се третираат еднакво“  за два дена собра повеќе од 850.000 кликови. Авторот на рекламата е комичар, Брендон Милер, а главни ликови се хетеросексуален пар кој не знае да се носи со најавата дека геј паровите сакаат брачна еднаквост.

– Што сега ќе се случи со нашиот брак? Не сакам да се разведам или да се омажам со жена – саркастично зборува жената во видеото, на која од мака и паѓа сад од раце.

Потоа ќерката ги прашува родителите дали и понатаму ќе се сакаат доколку хомосексуалните парови добијат дозвола за венчавање. Таткото ја прегрнува ќерката и вели дека се надева дека до тоа нема да дојде.

Рекламата завршува со пораката – Да им помогнеме на хетеросексуалците да не се разведат и да не ги мразат своите деца. Спротивставете се на геј браковите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top