| четврток, 6 декември 2018 |

Осуммина повредени во сообраќајка во Тетово

Осум лица биле повредени во сообраќајката што вчера попладне во 18 часот и 30 минути се случила на крстосницата од улиците „Штипска“ и „116“ во Тетово.

policija-3

Во сообраќајната несреќа учествувале патничко возило„форд мондео“ со странски регистарски таблички што го управувал  24-годишниот М.Р. и „југо“ со тетовски таблички управувано од 26-годишниот Р.В., исто така од Тетово. Во несреќата телесни повреди добиле двајцата возачи, двајца сопатници од „фордот“ и четворица од „југото“. Сите повредени биле пренесени во тетовската клиничка болница каде што им била укажана лекарска помош. Тројца биле задржани за натамошно лекување додека другите се пуштени дома.

Тој додаде дека е извршен увид и се утврдуваат причините за несреќата во која вкупната материјална штета се проценува на 40 илјади денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top