| четврток, 6 декември 2018 |

Меган Фокс елегантно провокативна на 60-годишнината на „Ферари“

Сексапилната актерка Меган Фокс демонстрира уште една волшебна појава на црвениот тепих.

Меган Фокс на 60 годишнината на Ферари

Убавицата присуствуваше  на гала-вечерта во Беверли Хилс по повод 60-годишнината на „Ферари“ и уште еднаш покажа дека знае како да изгледа сексапилно и дрско без да се разголува .

Меган Фокс со сопругот Брајан Остин Грин

Меган Фокс со сопругот Брајан Остин Грин

Всушност, Меган со својот изглед ги комбинира во едно провокативноста и стилот успевајќи да биде сексапилна , но на еден елегантен начин . Витата фигура на актерката е украсена со долг црвен фустан, истакнувајќи  ги женствените облини на нејзиното тело. Овој фустан е дел од годинашната есенска колекција на модната куќа „Версаче“,  која се дополнува со црната чанта од Еди Паркер.

megan2

Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Црната коса на ѕвездата е стилизирана во бранеста фризура , усните ѝ се потопени со црвено руменило , а малите дијамантски обетки од Грациела Гемс ѝ даваат финален изглед на нејзината појава.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top