| четврток, 6 декември 2018 |

Оштетени два автобуса и автомобил при синоќешната прослава на група Албанци во Скопје

albanci proslavaДва автобуса и едно патничко возило настрадале во вчерашното дивеење на група млади што „славеа“ по улиците на Скопје за инцидентот на натпреварот Србија -Албанија. Во Тетово, освен петарди, свирежи и скандирања, не се регистрирани инциденти, а во Куманово и во Струга било мирно, информираат од МВР.

Инцидентот во Скопје се случил на булеварот Крсте Петков Мисирков кога група момчиња ја блокирале раскрсницата, а потоа искршиле стакла на два автобуса на ЈСП, кои сообраќале на линијата со број 57. Во исто време бил оштетен и еден патнички автомобил.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top